Пропусти во постапката пред склучувањето на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10 д – нотира извештајот на институтот за демократија социетас цивилис.
Од таму велат дека според нив, прекршени се владиниот и собранискиот деловник, а пропустите започнале уште на самиот почеток со непочитување на законот за лобирање. Раководителот на центарот Миша Поповиќ додава дека проблематично е и тоа што немало јавна расправа во Собранието, а злоупотребено било и европското знаменце.
Искористен е механизмот за европско знаменце за уште повеќе да се скрати таа дебата, иако деловнички претседателот не требало да дозволи воопшто овие закони да се разлгедуваат по тоа европско знаменце, затоа што деловникот јасно кажува што се предлогот треба да има за да може да се разгледува по европско знаменце.
Поповиќ вели дека во иднина мора да биде вклучена и судската власт во процесот на носењето на одлуки, со цел да се оценат и спречат ваквиот вид на повреди на процесите. Според него, ниту власта, ниту собранието не ги спречиле овие, како што вели очигледни пропусти, со што овозможиле ризик од корупција.
На очиглед на сите пропусти, иако го имале правото да спречат, тоа не го направиле и со тоа го овозможиле ризикот од корупција дека таа можеби понатаму ќе се случи. Досега од буџетот на Македонија за Бехтел и Енка одлеани се над 174 милиони евра. Во подготовка се урбанистичките проекти и проектирањето по што се очекува да се започне со експропријација, а потоа и со градежни активности.