Соработка помеѓу младите од Македонија и Бугарија како решение за подобрување на односите

Младите од Македонија и Бугарија иако споделуваат исти проблеми и желби, многу малку меѓусебно се познаваат и комуницираат, а моменталната политичка ситуација и тензија меѓу двете држави дополнително им одмогнува и уште повеќе ги раздалечува двете општества.

Вака дел од говорниците на денешната дебата за заедничките визии и предизвици во односите меѓу Македонија и Бугарија низ призмата на младите, која се одржа во Скопје во организација на Евторинк, ја оценуваат моменталната состојба на односите меѓу општествата на двете соседни држави.

„Многу од негативните стереотипи преовладуваат особено кога ќе ги погледнеме социјалните медиуми и многу мисконцепции и мисинформации има од двете страни на границата за тоа како работите навистина стојат во една од државите. Политиката уште повеќе ги раздалечува општествата и за жал гледаме еден многу голем диспаритет меѓу тоа како функционира граѓанското општество и како функционира останатиот дел од општеството и политиката“, вели Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк.

Говорникот од Национален младински форум од Бугарија пак со став дека не е точно дека младите се аполитични и оти не ги интересира што се случува околу нив, туку тие не се оптоварени со минатото и сакаат да живеат во неподелен регион.

„Младите повеќе бараат друг наратив во политиката, наратив кој не е поврзан со спротивставени теми, туку наратив ориентиран кон тоа како политиката да создава можности. Во тој смисол сметам дека ако на тој начин им се пристапи на младите има многу поголема шанса да ги вклучиме во политичките процеси со позитивна нота и резултат потоа. Младите не се толку оптоварени со разговори за историја, туку со разговорот кој создава можност за заедничка европска иднина меѓу младите луѓе во Бугарија и Северна Македонија“, вели Мирослав Цеков, Национален Младински Форум – Бугарија.

Претставничката на Младински сојуз – Крушево пак решенито за поголема соработка меѓу младите, а со тоа и подобрување на односите меѓу двете земи ја гледа во политичарите. Претставничката на европската Делагација во Скопје пак со став дека луѓето во регионот ги мачат исти грижи.

„Евробарометарот покажа дека очекувањата, сомнежите, загриженостите се многу заеднички преку границите“, изјави Мариа Канелопулу, раководител за прекугранична соработка во делегација на ЕУ во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*