Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска имаше средба со градоначалникот на Рим Роберто Гуалтиери, со кој меѓудругото разговараа и за поднесената кандидатура на Италија, Рим да биде домаќин на светската изложба 2030 (World EXPO 2030), што се организира под покровителство на Меѓународното биро за експозиции (BIE) со седиште во Париз, соопшти прес-службата на Владата.
Грковска ја поздравила кандидатурата на Италија и истакнала дека за Република Македонија е многу важно да биде дел од ваквите меѓународни изложби на кои се промовираат ресурсите и капацитетите што ги поседува државата. Нагласила дека Република Македонија и Италија имаат долгогодишна плодна соработка и се заблагодарила за поддршката што Италија и ја дава на Македонија на нашиот евроинтеграциски пат.
Градоначалникот Гуалтиери на средбата истакнал дека Македонија и Италија и понатаму ќе работат на унапредување и продлабочување на меѓусебните односи, а дополнително ќе следува унапредување на соработката и меѓу Рим и Скопје.