Опозицијата бара гласање за уставни измени на собранието

Опозицијата денеска и официјално побара од собранискиот спикер, да се стави на гласање потребата од уставни измени.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, бара да не се одолговлекува процедурата и да се свика продолжение на 123-та седница, која беше прекината на 18 август, без да се гласа.

Тие бараа гласање уште на самата седница, но и веднаш по завршувањето на 10-те работни дена, откако беше отворена постапката и завршена расправата. И поранешниот спикер Трајко Вељановски му пиша на Џафери дека, доколку не излезе во пресрет на барањето на минимум 20 пратеници и не закаже продолжение на седницата прави лоша практика и го изместува целосно политичкиот систем.

Но, од собранискиот спикер повторно нема одговор. Останува на претходно искажаниот став дека ќе ја свика седницата кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство. Има поддршка и од премиерот кој, пак, не сака да открие колку точно пратеници му фалат за мнозинство, но е оптимист дека на крајот ќе гласаат сите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*