Министерот Спасовски: Идентитетот на лицето со знаме на ‘Голема Албанија’ ќе биде откриен за неколку дена

Лоцирани се неколку лица и за неколку дена ќе се знае идентитетот на лицето кое вееше знаме со карта на т.н. Голема Албанија, изјави денеска министерот Спасовски без да одговори дали станува збор за косовски или граѓанин на Македонија.

Претходно Спасовски тврдеше дека лицето не е вработено во Министерството за внатрешни работи, но дека правда ќе има и во случај да станува збор за странски државјанин.

Знаме со карта на таканаречена „Голема Албанија“ која опфаќа делови од Македонија, Црна Гора, Србија и Грција се вееше на концертот кој Општина Тетово го организираше на 12-ти август по повод пречекот на косовскиот премиер Албин Курти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*