Бугарија ја потврдува својата позиција кон Македонија: Исполнете обврските за евроинтеграции

Позицијата на Бугарија кон Македонија е многу јасна-да се исполнат обврските договорени и прифатени во јули 2022 година-изјави бугарската вицепремиерка и шефица на дипломатијата Марија Габриел.

Во одговорот на пратеничко прашање во Собранието, рече дека Бугарија ќе продолжи многу јасно да ја брани својата позиција, јазикот, културата и идентитетот.

“Сакаме многу јасно да покажеме пред Република Северна Македонија дека само кога ќе ги исполнат обврските што самите се согласиле да ги исполнат, тогаш евроинтеграциите веќе нема да бидат сон”, додаде Габриел.

Во однос на резолуцијата во американскиот Сенат, септември да се прогласи за месец на Македонско-американското наследство во САД, рече дека бугарското МНР ќе направи сè тоа да не се случи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*