
„После 10 години, денес во име на сите држави членки на ЕУ првпат се зборува за временска одредница за следното проширување. ЕУ во наредните месеци треба да ги донесе клучните одлуки за проширувањето на ЕУ и за забрзување на реформите и за олеснување на проширувањето, во рамки на европските правила“, вели Маричиќ, посочувајќи дека и ние треба да донесеме важни одлуки за иднината на државата и како сакаме да ја развиваме.
Министерот Алиу рече дека тоа е можно преку соработка и поддршка на партнерите за дигитална трансформација на регионот во интеграцијата кон ЕУ, на единствен заеднички дигитален пазар.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи исто така оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кореја, Парк Џин, во рамки на Бледскиот стратешки форум.
Во фокус на разговорите беа можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји по воспоставувањето дипломатски односи во 2019 година, со посебен акцент на економските релации и бизнис врските.
Потребата од збогатување на договорната рамка и зајакнувањето на мултилатералната соработка исто така беа теми на разговор, а се разменија мислења и за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните регионални и меѓународни прашања.