„Категорично не“. Ова е одговорот на бугарскиот премиер, на прашањето дали ставот кон Македонија може да се смени под евентуален притисок од ЕУ. Всушност, вели, прашањето за уставните измени повеќе не е прашање меѓу двете соседни држави.
“Со реализирањето на таканаречениот француски предлог, што резултираше со тоа што ветото беше тргнато, всушност разговорот повеќе не е меѓу Северна Македонија и Бугарија, разговорот е меѓу Северна Македонија и Европската Унија. Тоа што се очекува е тие да си ги завршат започнатите обврски што ги преземаа кон Европската Унија. Нема никаква причина ние да ја промениме нашата позиција.” – рече Денков во интервјуто за 24 часа.
Во интервјуто немаше прашање дали и понатаму ќе следат нови барања и услови за Македонија.