Охрид: Образование и медиумска писменост – 40 наставници споделуваат практики

Медиумската писменост во образованието, справувањето со дезинформациите и лажните вести се темите на коишто во Охрид разговараат и споделуваат најдобри практики, 40 наставници и 8 ментори од САД, Обединетото Кралство, Грузија и од нашата земја.

Најдобар начин за справување со дезинформациите според менаџерите на тренинг кампот е развивањето на вештини за нивно препознавање и стекнувањето на медиумска писменост.

„Со овие проекти наставниците ќе научат и ќе дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат и како да се справат со нив. Тие ќе можат да изберат кои проекти би биле интересни за нив, за да работат и ги имплементираат во вашата средина. Идеите ќе дојдат од самите учесници со поддршка на експертите со цел да се вмрежат и да работат на теми од нивен интерес“, вели Џесика Меккју, постар менаџер на тренинг-кампот.

Темите вклучуваат проблеми со коишто наставниците секојдневно се соочуваат, но и теми од областа на дигиталната писменост и вештачката интелигенција којашто е сè поактуелна во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*