Добра здравствена состојба на македонските војници затрулени со јаглерод моноксид во Словенија

Двајцата македонски војници кои се затруле со јаглерод моноксид во Словенија се во добра здравствена состојба.

Тие, заедно со уште неколку колеги од македонската армија, словенечката армија и пожарникари црпеле вода од подрум на домот на културата во градот Чрна, на Корошкем, по големите поплави коишто ја зафатија оваа земја.

На гасот, вкупно биле изложени 32-ца, од кои 18 македонски војници, 6 припадници на словенечката армија и 8 пожарникари.

Двајца македонски војници, пет словенечки војници и еден пожарникар се пожалиле на мачнина, по што се пренесени во болница. По прегледите, веќе се пуштени дома. Сто припадници на македонската Армија беа испратени на помош во Словенија за справување со последиците од поплавите. Стационирани се во Межице.

Оттаму, интервенираат на повеќе локации каде што има потреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*