Претседателот на Собранието Џафери да не одложува и веднаш да го стави на гласање предлогот за пристапување кон уставни измени, ако нема двотретинско мнозинство, парламентот да се распушти и да се оди на предвремени избори, а идниот состав да ја продолжи интеграцијата кон ЕУ, повикаа лидерите од албанскиот опозициски кампус – Гаши, Касами и Меџити.
Тие побара уставните измени да одат во пакет со нивното барање да се избрише одредницата – 20 проценти – и да се замени со внес на албанскиот јазик, но не прецизираа дали ќе инсистираат на тоа или ќе ги поддржат уставните измени и без реализацијата на нивното барање.
Касами, Гаши и Меџити побараа во процедура да биде ставен и уставен амандман со кој нема да застарат кривичните дела поврзани со политичка корупција.