Судски Препораки за Законски Измени во Сообраќајните Судења

Законски измени на кривичниот законик но и посистематичен пристап при постапување и одлучување во кривичните предмети поврзани со сообракајките предлага Врховниот суд.

Ова биле и дел од заклучоците на одделите во Врховниот суд за кои судскиот совет бил известен уште во 2021 и 2022 година. Вака одговараат од највисокиот суд откако Судски совет вчера го прозва дека треба да обезбеди еднаква примена на законите преку воедначување на судската пракса, посебно за кривичното дело “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Воедначувањето на судската практика Врховниот суд го остварува само во постапка предвидена со закон велат од таму. Можноста за воедначување на судската практика во однос на ова правно прашање е ограничена во овој стадиум на постапување пред Врховниот суд со оглед на тоа дека секој предмет има свои особености и ниту еден предмет не може да се стави во корелација со друг предмет.

Ова е заклучок на одделот за казниви дела и одделот за судска практика пратен во Судскиот совет на 09.05.2022.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*