Манифестот за преговорите со ЕУ зад кој застанаа СДСМ и сите политички партии од парламентарното мнозинство е добра основа за обединување на европскиот пат.
Тој е во насока на црвените линии и заклучоците по однос на европскиот предлог усвоени од страна на парламентарното мнозинство.
Ги повикуваме сите политички партии, а особено ДПМНЕ да дадат поддршка на овој важен документ за европската иднина. Мицкоски и ДПМНЕ ја имаат можеби последната шанса да се престројат на страната на државните и националните интереси.
Со поддршката на Манифестот и на уставните измени ДПМНЕ и Мицкоски на дело ќе покажат дека се за европската иднина на државата.
По 17 години во чекалната, ги започнавме преговорите со ЕУ, скриниг процесот се одвива одлично и следно е отворање на првите поглавја за што е потребно усвојување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка. Време е за глас за Европа во македонското собрание, време е за обединување околу стратешката цел – членство во ЕУ со заштитен и потврден македонски јазик и идентитет.