Собранието ја одбележа 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Во Собранието денеска на свечена седница се одбележа шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на свечената седница истакна дека „денес се сеќаваме на загинатите, сочувствуваме со нивните семејства кои сѐ уште ја чувствуваат болката, но исто така се сеќаваме и на храброста на сите оние кои од хаосот и руините на 26 јули, помогнаа да се роди едно ново Скопје”.

„Денес Скопје се сеќава за разорниот земјотрес. Над илјада згаснати животи и над три илјади повредени. 60 години потоа Скопје и понатаму опстојува со сите свои недостатоци и предности. Да не заборавиме на вредностите кои скопје го прават посебно и уникатно. Солидарноста, душата на градот, способноста пак да никне дури и при најсилните удари и потреси. Да се потсетиме не само на моментите кога скопје дошло до работ, туку и на силата која Скопје го направила пак да се издигне. Скопје кое е радост, обединето и силно“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*