Полемика пред седницата: Како ќе гласаат партиите за уставните измени и евроинтеграциите

Ден по првата комисиска расправа кадешто сите седуммина членови од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против уставни измени, наспроти 10 од владејачките партии кои беа ЗА, останува дилема која е стратегијата за првото и клучно гласање на седницата која започнува на 18ти август.

И денеска од партиските седишта доаѓаат истите пораки- власта со повик до опозицијата за заедничко гласање во име на евроинтеграциите, од другата страна велат сега е веќе доцна за консензус.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, рече дека сите политички сили во земјата, вклучително и опозицијата, треба да работат заедно за да ја обезбедат иднината на Северна Македонија во ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*