Македонските власти, поточно клучни институции задолежни за координација и следење на европските фондови во земјава се уште не кажуваат кој, колку и на кој начин ги злоупотребил или направил други прекршоци за користење на европските фондови кои се најдоа во последниот извештај на Европската служба против измами – ОЛАФ.
Од Секертаријатот за европски прашања кои се координатори на европските фондови за земјава наведуваат дека податоците за тоа ги имаат други институции. Од министерството за финансии до овие вести не добивем одговор за тоа последните истрагата и препораките од ОЛАФ за земјава. Телма побара информација и од Јавното обивнителство, за тоа дали до нив е стигната судска препорака, поточно за отворање на истрага за злоупотреба на европските форндови, но од таму без конкретен одговор за последниот извештак на ОЛАФ.
“Како резултат на ваквата соработка во моментов има два предмети од надлежност на основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што се во судска постапка – предметот против именуван функционер и раководен државен службеник кои ја злоупотребиле службената положба и овластување при спроведување на ипа проекти и предметот против против поранешната директорка и двајца вработени во националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Останатите предмети во кои обвинителството соработува со олаф се во предистражна постапка и за нив не може да се споделат детали” – се наведува во одговорот од Jо за последниот извештај на ОЛАФ за Македонија.
Двата судски процес кои се наведуваат во соопштението на Јавното обвинителство, според достапните информации се случајот на злоупотреба на европските фондови од страна на државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и негова колешка од 2021 година и директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност заедно со уште две лица од 2020 година.
Од Министерството за земјоделство кои е еден од поголемите корисници на европските фондови преку програната ИПАРД наведуваат дека не треба да се носат избрзани заклучоци околу податоците наведени во најновиот извештај на ОЛАФ.