Европските фондови под лупа: 18 истраги во Македонија за злоупотреба

Од вкупно 36 истраги на Западен Балкан, дури 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во Северна Македонија, посочуваат од Европската служба против измами ОЛАФ, одговорна за ревизија на фондовите за земјите членки на Европската Унија и за други држави кориснички.

„ОЛАФ е сериозно и суштествено тело, кое што спрведува истраги. Вие ги дадовте самите бројките на истрагите. Јас можам само да ја потврдам таа бројка, но не можам да навлегувам, ниту пак ги знам деталите за истрагите кои што се направени, меѓутоа можам да потврдам дека има различен контекст поврзани со тие фигури, различни субјекти, кои што се дел од тие истраги.  Ако истрагите резултираат со сомнеж за криминални активности, тие случаи ќе бидат проследени во Јавното обвинителство, и во тој случај очекуваме јавниот обвинител да преземе навремени активности и тие активности ние ќе ги следиме одблиску“, вели Дејвид Гир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*