Судскиот Совет избра 25 нови судии за основни судови

Судскиот совет денеска избра 25 нови судии за повеќе основни судови, како и за Основен кривичен суд – Скопје. По првиот оглас од Службен весник бр.73/23 беа избрани тројца судии во Основниот суд Битола, еден во Основниот суд Свети Николе, еден во Основниот суд Струмица и двајца во Основниот суд Тетово, додека, по огласот објавен во Службен весник бр.112/23 беше избран уште еден судија во Основниот суд Битола, осум во Основниот граѓански суд Скопје, седум во Основниот кривичен суд Скопје и двајца во Основниот суд Струмица. Помеѓу судиите кои беа избрани во Основниот кривичен суд Скопје беше и судијата Кирил Георгиев, син на членот на Судскиот Совет, Наке Георгиев, кој утрово поднесе оставка од својата функција во Советот поради лични причини.

Меѓу нив, во Основниот кривичен суд Скопје ќе суди Биљана Смаќоска – ќерка на пензионираната обвинителка Гордана Смаќоска, како и Драган Јосифоски – син на обвинителката Елизабета Јосифоска. Таа и беше заменичка на Катица Јанева во СЈО, а од неодамна е шефица на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар. Колега во Кривичен ќе им биде и Кирил Георгиев, кој е син на Наке Георгиев, поранешен претседател на Апелацискиот суд Штип и актуелен судија во Врховен. Таткото Георгиев пред десетина дена беше избран за член на Судскиот совет, но, како што информиравме, тој денеска си поднесе оставка од член на Судскиот совет за неговиот син да може непречено биде избран за судија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*