Мицковски коментира на неколку различни теми

Мицкоски: Нема потреба од декларација за Илинден, ако е заштитен идентитетот Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ја најавената декларација на СДСМ за Илинден, праша зошто има потреба од ваква декларација, ако е заштитен идентитетот. – Зошто наеднаш после неколку месеци, се јави желба кај оние кои тврдат дека го заштитиле идентитетот на државата, а во суштина го уништиле, да предложат една ваква резолуција,рече Мицкоски од Битола, одговорајќи на новинарски прашања. Посочи дека кога ВМРО-ДПМНЕ предложила да поднесе декларација за Гоце Делчев, од страна на СДСМ биле исмеани и игнорирани. – Кога ние предложивме да донесеме декларација во парламетот за Гоце Делчев, тогаш од страна на СДСМ бевме исмејувани, од страна на СДСМ во тој период бевме игнорирани, одбивани и така натаму.

Палење на возило е криминален чин, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битола, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со палењето на возилото кое го возел вицепремиерот Артан Груби, рече се сплет на настани поврзани со криминален чин. Во врска со рудникот Иловица, повторно изјави дека СДСМ ги штити бизнис интересите на ДУИ во Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*