Убиство на Бајрами во Грција: Убијците наводно дошле со автомобил

Медиумите во Грција објавија нови информации за убиството што се случи во сабота во местото Ханиоти на Халкидики.

Според грчките медиуми, полицијата веќе ги има и видеоснимките од вилата во која престојувале убиениот Орхан Бајрами и повредениот Сеад Слезовиќ. Тамошните медиуми информираат дека двајцата напаѓачи излегле од автомобил, го прескокнале ѕидот и од непосредна близина пукале кон Бајрами и Слезовиќ, кои во тој момент биле заедно со две жени и еден друг маж, сите државјани на Северна Македонија.

Како што информираат грчки медиуми повикувајќи се на полициски извори, убијците не пристигнале со мотоцикл, туку со автомобил со странски таблички и додаваат дека возилото што се користело за убиството не поминало преку граничните премини на Грција, но не се исклучува можноста сторителите на убиството да го оставиле возилото во Грција, а тие да ја преминеле границата користејќи други превозни средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*