И Судскиот совет ја поздрави и прифати идејата на Гир. Од таму велат дека се пдоготовени за соработка со амбасадорот за да може отворено да се разговара за сите прашања и предизвици што стојат пред судството. „Членовите изразуваат целосна подготвеност за отворена и транспарентна соработка со надворешни и домашни непристрасни и објективни експерти, бидејќи сметаат дека само на тој начин ќе се добие многу пореална и вистинска слика за функционирањето и начинот на одлучување во Судскиот совет“, соопштуваат од ова тело. Сепак, од таму обвинуваат за жестока неаргументирана медиумска и политичка кампања против Советот, а велат дека имале притисок и од невладиниот сектор со конкректни барања за оставки. „Членовите се свесни за лошата перцепција што е креирана во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека работи нелегитимно и се носат незаконски и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси“, пишува во соопштението на Судскиот совет.