Лога на седница на Уставниот суд: Иницијатива за промени во Упатството за националноста во изводите

Кренар Лога присуствуваше на седницата на Уставниот суд на која се расправаше за Упатството со кое како задолжителна се утврдува графата за националност во изводите на родени, на венчани и на умрени. “Ме радува оваа иницијатива, но изненаден сум од фактот што Уставниот суд досега не покренал постапка и за други подзаконски акти кај кои не се почитува уставниот рок за објавување во Службен весник. Уставниот суд ја отвори Пандорината кутија. Најавувам дека во иднина јас лично ќе поднесувам иницијативи до судот за непочитување на уставните рокови. Вината не е во Министерството туку во Секретаријатот за законодавство во рамките на Владата,” изјави Лога. Министерот за правда најави дека ќе се подготви нов пречистен текст на Упатството и ќе го достави до секретаријатот за законодавство за објавување во Службен весник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*