ЕУ иницира оценка на Судскиот совет во Македонија по скандалите: Загриженост и најава за промени


Европската унија испраќа оценска мисија во Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Дејвид Гир, ексклузивно за Топ Тема најави дека тоа веќе е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи. “Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа од блиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тоа е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина. Неодамнешните случувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за да можат навистина да ја вршат својата работа во иднина. Секако, тоа е советодавна група, оценска мисија, и се надевам дека ќе можеме да ја извршиме брзо, но тоа покажува колку внимание ние посветуваме на владеењето на правото и колку важна ја сметаме улогата на Судскиот совет. Ова треба да се поправи”, одговори Гир.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*