Сопругите на починати пациенти ги изразуваат сомнежите за лекувањето во „Жан Митрев болницата

За време на денешното рочиште, две сопруги на починати пациенти одговараа на прашања од обвинителството и одбраната на Митрев околу процедурите и начинот како дошле до лекување во клиниката на Жан Митрев. При директното и вкрстеното испрашување, посебен акцент се стави на лекувањето на корона вирусот со хемофилтрацијата. Оштетената Александра Нешевска Димовска истакна дека не и било кажано дека за лекувањето на нејзиниот сопруг ќе се користи хемофилтрација. „Тој беше спортски тип, непушач, не излегуваше од теретана и водеше здрав живот. Никој од болницата не ме прашал за хемофилтрација и не ми кажаа дека ќе има такво нешто. Сопругот го изгубив за краток период, ќерката се уште ја носам по психолози“ Второиспрашувана беше Мелита Брезева, чиј сопруг Никола починал во болницата на докторот Митрев. Таа по завршување на судењето рече дека очекува целиот процес да заврши со позитивен исход. Одбраната пак на Митрев не сакаше да даде коментар по рочиштето. Следното рочиште со испитување на сведоци ќе продолжи на 4 степември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*