Обвинителските папки со името на струшкиот градоначалник под опсервација. Се истражува, како, домашните институции не го препознале влијанието врз правосудството заради кое Рамиз Мерко се најде на американската црна листа. Од обвинителството за Сител велат работат посветено. Посетиле три обвинителства, се проверувало почитувањето на рокови и процедури за да се открие дали Мерко одлучувал за судбината на предметите со негово име. Додека се чека извештајот за струшкиот градоначалник, Обвинителството со кое раководи Абази најавува дека во следниот период ќе ги повика на распит осомничените за предметот „Феникс”