
Во Министерството за труд и социјална политика, денес се потпишаа договори за соработка и договори за групна набавка со општините Карбинци, Дебар и Македонски Брод од страна на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалниците на општините. dobivaj vesti na viber Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Македонски Брод се однесуваат за изведување на градежни работи за реконструкција со пренамена на детска градинка во Центар за дневен престој за деца со пречки во развој за 24 корисници поделени во две групи по 12 корисници. Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Карбинци се однесува за реализација и финансирање на активности за изведување на градежни работи за Доградба на постоечка детска градинка во Oпштина Карбинци село Таринци, со капацитет од 48 деца. Договорите за соработка и за групна набавка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општина Дебар се однесуваат за изведување на градежни работи за измени во тек на
градба за доградба на детска градинка Брешиа во Дебар, кој ќе биде
во состав на ЈОУДГ ,,Брешиа“ – Дебар, со капацитет од 62 деца.