ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ МЕЃУ ЈО И ОБСЕ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје, денеска потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година. Целта на меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области. Соработката меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во следниот период ќе се реализира врз основа на годишни програми со конкретни проектни активности во рамките на проектот „Зајакнување на владеење на правото и човековите права во Северна Македонија III“. На средбата при потпишувањето на меморандумот јавниот обвинител Јовески го информира амбасадорот Вал за повеќе актуелни прашања поврзани со работата на Јавното обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*