МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ ИЗЈАВИ ДЕКА ВЛАДАТА ТАМУ ЈА КОДОШЕЛА
ОПОЗИЦИЈАТА


Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ денеска по разговорите со Манфред Вебер, претседател на
Европската народна партија, ги повтори старите ставови дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да
прифати никаков договор којшто ќе биде под бугарски диктат“. Христијан Мицкоски во
изјавата не ги споменува уставните измени, туку зборува за договор. Тој реше дека целта
на разговорите на вмровската делегација, во која се и потпретседателите Александар
Николоски и Тимчо Муцунски, е ВМРО-ДПМНЕ да ги „презентира своите позиции,
аргументи и ставови поврзани со проблемот кој што го создаде владата на ДУИ подржана
од СДСМ“. Тој вели дека бил изненаден што во Брисел слушнал дека претставниците на
власта ја кодошеле опозцијата. „Она кое што најмногу зачудува, а коешто го слушнав овде
во Брисел од соговорниците, е дека на членовите на македонската влада кои што кога
доаѓаат овде во Брисел, единствената работа и цел им е да ја кодошат опозицијата и да
барат од луѓето од Брисел да вршеле притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, да прифати договор кој
што ниту го преговарала, ниту учествувала во него, а предупредила дека нема намера да го
прифати. Тоа е единствената работа која што официјалните лица на владата на ДУИ
подржана од СДСМ го прави овде, ја кодошат опозицијата и уживаат во привилегиите кои
што им ги носат функциите“. Тој рече дека на соговорниците им зборувал дека мора итно
да има избори за да било ослободено општеството. „Потребни се избори за да дојде една
легитимна влада која што е избрана од народот, а не поставена како оваа влада на
Ковачевски“. Разговаравме околу актуелната ситуација во Македонија, високото ниво на
корупција и криминал чиј што главен промотор е Владата на ДУИ поддржана од помалиот
коалициски партнер СДСМ. Потоа зборувавме за неуспехот во реформите, за сето она
лошо што се случува во образованието, здравството, лошата состојба на земјоделците,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбите во Брисел со високи
претставници на ЕУ. Мицкоски посочи дека како ВМРО-ДПМНЕ, се консултирале со

европските претставници за можни решенија. „Се консултиравме со луѓето, високите
претставници на ЕУ, со луѓето од Европскиот парламент за можните решенија кои идната
влада на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преземе во насока на решавање на овие реални
проблеми“, кажа Мицкоски. Мицкоски посочи дејка посебен фокус во разговорите бил
ставен на корупцијата. „Посебен фокус ставивме на високото ниво на корупција и
криминал во државата и како да владее правото. Денес имаме држава каде гледаме како
владеат банди заштитени од криминални политичари, а најмалку владее правото во
Македонија“, посочи Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*