МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА КРЕНАР ЛОГА СЕ СРЕТНА СО КООРДИНАТОРИТЕ НА
ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕ

Наредната недела за прв пат со физичко присуство ќе се одржи седница на Советот за
реформи во правосудниот систем на која ќе се рагледува Стратегијата за развој на
правосудството 2023-2027. Министерот за правда Кренар Лога упати покана до ВМРО
ДПМНЕ да присуствуваат на седницата и да дадат забелешки за Стратегијата. На
состанокот со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, Јован Митрески, на
ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски, на ДУИ, Арбр Адеми и на Алијанса на Албанците,
Аднан Незири, на кој присуствуваше и заменичката на министерот за правда Викторија
Аврамовска Мадиќ, се разговараше за состојбата со Судскиот совет и можноста за
законски измени со кои ќе се надминат проблемите со кои се соочува оваа институција.
Министерот за правда Кренар Лога информираше за законодавната агенда, можноста од
носење на Закон за амнестија по примерот од 2018 година за полесни кривични дела со
што ќе се овозможи растеретување на затворите. Се отворија и темите за Законите за
помилување, за ОТА, за АНБ, за Јавно обвинителство, за катастар , за правда за децата и
други. Координаторите на пратеничките групи му се заблагодарија на министерот за
правда Кренар Лога за информациите кои беа споделени со нив и изразија подготвеност за
натамошна соработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*