БОРЕЛ: ВО ЕУ ВЕЌЕ НЕМА ПРЕЧКИ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на блокот, Жозеп Борел,
смета дека нема пречка за пристапување на Македонија во ЕУ, објави БНР. „Македонија
добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап
во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова
дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински
елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но,
билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредат процесот на
пристапување“, рече Борел на прашањето кои би биле следните чекори на блокот доколку
Македонија до ноември не го промени уставот и не го внесе во него бугарското
малцинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*