АНТИДИСКРИМИНАЦИСКА БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД ЕПИСКОПОТ ЈАКОВ
СТОБИСКИ ЗА НАВРЕДЛИВИТЕ ПОРАКИ КОН ЛГБТИ-ПОПУЛАЦИЈАТА

Комисијата нотирала дека при јавните настапи епископот Јаков Стобиски изразил
мислења, ставови и идеи кои се понижувачки, навредливи и деградирачки кон

трансродовите лица и кои ја охрабруваат дискриминацијата кон ЛГБТИ-луѓето. Во
одлуката се вели дека иако Стобиски има право да ги искажува своите мислења и ставови
јавно, не смее да охрабрува и поттикнува дискриминација кон одредена група луѓе или,
пак, јавно да се залага за нивно маргинализирање и стигматизирање. „Преку
етикетирањето на трансродовите лица како лица кои „страдаат од ментално растројство“ и
нивно поистоветување со педофилија, сатанизам, итн., Јаков Стобиски сериозно го
повредил нивното достоинство и создал непријателска и застрашувачка средина.
Претставувајќи ја и зборувајќи за трансродовоста како за „епидемија на трансџендеризам“,
„настраност“, „пореметување“ итн., тој тенденциозно, но и погрешно ја претставил
трансродовоста како болест и нешто штетно и заразно. Дотолку повеќе, со ваквиот говор
тој поттикнал понатамошна дискриминација кон овие лица и нивните поддржувачи, со тоа
што предизвикал и охрабрил лавина реакции на социјалните мрежи во кои е содржан
вознемирувачки говор кон ЛГБТИ-лицата“, се вели во соопштението. Епископот Јаков
Стобиски во изминатиот период гласно и јавно говори против антиродовото движење и
ЛГБТИ-популацијата. Тој во неколку телевизиски гостувања, но и на јавни трибини
истакнуваше дека овие лица се штетни за општеството, а воедно ги нарекуваше болни,
сатанисти и посланици на ѓаволот. Инаку, освен барањето за негово јавно извинување, од
КСЗД препорачуваат епископот во иднина да се воздржува од јавни настапи со
вознемирувачка содржина врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет или која
било друга дискриминаторска основа, согласно Законот за спречување и заштита од
дискриминација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*