Собранието уште ги нема добиено амандманите за измените на Уставот и вметнување на
Бугарите. Владата треба да ги испрати како овластен предлагач, а собранискиот спикер
Талат Џафери денес изјави дека откога ќе стигнат кај него, тогаш почнуваат да течат
роковите. „Собранието е подготвено во секој момент откога ќе постапат надлежните
институции, односно овластените предлагачи, ние сме подготвени да постапиме во
согласност со процедурите и роковите предвидени во Деловникот“, рече Џафери. На
дилемата дека тешко тие ќе стигнат до август, Џафери додаде: „ Не е проблем дали ќе
дојдaт во август, прашањето е кога ќе добиеме материјал и оттогаш почнуваат роковите,
независно дали е јули или август. За Собранието нема никаква пречка ниту август, ниту
септември, ниту еден период од денот. Роковите течат откога ќе дојдат материјалите“.