
Судскиот совет ќе ги проверува наводите на австрискиот амбасадор Георг Вуцас и ќе
изготви извештај откако дипломатот вчера преку писмено соопштение до медиумите упати
критики до македонското правосудство затоа што австриска компанија не може да наплат
отштета од фирма во земјава. Во дописот тој директно го спомена и експремиерот Зоран
Заев чија братучетка е сопственичка на фирма инволвирана во спорот. Според
информациите од Судскиот совет, членовите биле известени за случајот преку поднесок
што го поднел амбасадорот и во прилог ставил и исечок од објавен текст во неделникот
„Фокус“. „Од содржината на примениот допис, членовите на Советот на работен состанок
констатираа дека поголемиот дел од наводите се однесуваат на незадоволство од
постапувањето на Јавното обвинителство, а во еден дел се споменува и трговски спор, кој
се води пред Основниот суд во Гевгелија, кој е во тек. Во содржината на дописот,
амбасадорот истакнува сомнеж дека спорот се води под надворешни влијанија. Од
работната средба произлезе заклучок, дека наводите во известувањето ќе бидат проверени
од страна на координаторите на Основниот суд во Гевгелија и Апелациониот суд во Скопје,
со непосреден увид во списите на предметот, дејствијата преземени од страна на судовите
и евентуално донесените одлуки“, велат од Судскиот совет додавајќи дека потоа ќе се
изготви извештајот и ќе се продолжи со понатамошни активности за следење на
предметот.Сепак, од Судскиот совет потсетуваат и дека согласно Законот за судови,
испитувањето и контролата на одлуките на пониските судови, ја врши повисокиот суд.
Австрискиот амбасадор бара смена на судии и обвинители поради деловен спор.