ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БЕРЛИН


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски е во
официјална посета на Берлин, Сојузна Република Германија, на покана на германскиот
канцелар Олаф Шолц. Во состав на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски,
се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан
Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во рамки на официјалната
посета која започнува на 28 јуни (среда), во седиштето на Владата на Сојузна Република
Германија е предвиден официјален пречек со државни почести, средба меѓу премиерот
Ковачевски и канцеларот Шолц, заедничка прес-конференција на премиерите, како и
работна билатерална средба и вечера на двете официјалните делегации. Главниот фокус на
разговорите ќе бидат билатералните односи и соработка меѓу Северна Македонија и
Сојузна Република Германија, кои оваа година одбележуваат 30 години од
воспоставувањето на дипломатските односи. Дополнително, теми на разговор ќе бидат и
германската поддршка на македонскиот евро-интеграциски пат, реформскиот процес
насочен кон исполнување на стандардите на ЕУ и други актуелни прашања од регионален
и европски безбедносен аспект. Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски
ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт
(Friedrich Ebert Stiftung) и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски
иселеници во Берлин. За време на посетата на Берлин, премиерот Ковачевски ќе има
работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*