АНТИКОРУПЦИСКА ДО ГРУБИ: ОВА Е ПРИТИСОК ВРЗ НАС И ОБИД ЗА
ДЕФОКУСИРАЊЕ НА ЈАВНОСТА

Државната комисија за антикорупција реагира на оценките на вицепремиерот Артан
Груби, искажани вчера, дека „не ги бива“ и дека нема резултати од нивната досегашна
работа – како ДКСК да ја обвинува некој за корупција а не ДУИ. Во реакцијата стои: „Во
право сте господине Груби, Антикорупциска нема капацитет да се вози во службени
возила 24/7 и за приватни цели, да злоупотребува државни простории, да користи
репрезентација и службени платежни картички, ниту да се расфрла со буџетски пари, но
бидете уверени дека има капацитет да ги исполни своите законски обврски и надлежности
и да изработи бројни иницијативи и препораки кои сеуште чекаат ред и време за да се
постапи по нив. Да ве потсетиме дека четири години по ред во Извештајот на ЕК за
напредокот на земјата, добиваме позитивни оценки за својата проактивност и отворање
случаи против високи функционери, што е директна потврда за оправданоста на нашето
работење и за ажурноста на Комисијата токму во овој состав. Исто така, во своите
извештаи ЕК ги повикува надлежните институции да постапуваат по препораките на
ДКСК. Преку своето работење, независност и непристрасност, Комисијата вложува
сериозни напори да се задржи и зајакне интегритетот на институцијата, а со своето
залагање за правилно разбирање на принципите и доследно владеење на правото, направи сериозен исчекор во сегментот во кој работи. Зачудува фактот што оваа оценка на ЕК како
највисоко тело на ЕУ вие не ја признавате и изнесувате неосновани обвинувања, а
истовремено се залагате за брз влез во ЕУ.ДКСК е независна институција, со надлежност
да постапува по предмети за избрани и именувани функционери. Квалификациите за
капацитетите на Комисијата од страна на висок функционер од Владата на РСМ за кој има
отворено предмет, не е ништо друго туку вршење притисок врз работата на Комисијата, и
оркестриран обид за дефокусирање на јавноста. Ова дотолку повеќе што неодамна
Кабинетот на вице премиерката за добро владеење ја обвини Комисијата за паушални и
неосновани обвинувања поврзани со предметот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
иако на прес-конференцијата на ДКСК такво нешто не беше споменато, а вицепремиерот
за евроинтеграции на билатералниот скрининг за образование култура и спорт побара од
претседателката да не ја известува ЕК за поднесената тужба за клевета од страна на
директорот за млади и спорт, Наумче Мојсовски. ДКСК има капацитет да се избори со
вашите оркестрирани напади“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*