СДСМ: ПЕРВЕЗНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ДРЖИ ТРИБИНА ЗА КРИМИНАЛ И
КОРУПЦИЈА, ПА УШТЕ И ВО БЕЛАТА ПАЛАТА

Надвор од реалноста, дури може да се каже дека е и первезно ДПМНЕ да одржува
трибина за криминал и корупција, па згора на се и во Белата палата, симболот на
криминалот и корупцијата, возвратија денес од СДСМ на овој настан организиран од
страна на опозицијата. -ДПМНЕ е партија со криминално стекнат имот врз грбот на
граѓаните, со нелегална Бела палата којашто е конфискувана.Од скромна жолта куќа, до
Бела палата дивоградба врз грбот на граѓаните, и тоа со вазни од 180.00 евра, подни
плочки од 100.000 евра, паркет од 76.000 евра, лустери од 20.000 евра… ДПМНЕ е партија
со бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и
поранешни партиски функционери на оваа партија, меѓу кои и за злосторничко здружение,
оценија од СДСМ во рамките на секојдневната меѓупартиска реторика на тема кој е
корумпиран.
ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се
фали како точно, напамет, ги знае сите тендери во општините каде неговата партија
раководи, реагира ДУИ преку соопштение на изјавите од трибината на ВМРО-ДПМНЕ од
која партиски функционери изнесоа обвинувања за криминал и корупција на сметка на
лидерот Али Ахмети и други високи функционери на интегративците. „Десетици судски
случаи уште се активни против нивни истакнати функционери кои не успејаа да пребегаат
од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да зборува на тема
криминал и корупција. Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште
при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува.
ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а
единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти
кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со
национлаизам и подгревање тензии. Му порачуваме на Мицковски да престане со
измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а
конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига.
ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат
својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности“, се вели во партиската
реакција од Мала Речица.

Comments

No comments yet. Why don’t you start the discussion?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *