ТРИ ОДЛУКИ ОД ДУИ ЗА МЕРКО

ДУИ донела три одлуки за иднината на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, откако тој
се најде на црната листа на САД, со одлука на Стејт департментот. Му се замрзнува
членството во раководните органи на партијата, се прекинуваат партиските изборни
активности во Струга, а од институциите се бара истрага за нивниот сопартиец. Мерко
имал средба со Ахмети, пред да бидат донесени сите овие одлуки. Османи посочи дека
ДУИ би направила истрага за струшкиот градоначалник, ама не се истражен орган. „ДУИ
ги донесе следните одлуки: Бара институциите да направат сеопфатна истрага за Рамиз
Мерко за сите можни тврдења кои произлегуваат од Стејт департментот. ДУИ ја прифаќа
одлуката на Мерко за замрзнување на неговото членство во Централното претседателство,
Генералниот совет на ДУИ. ДУИ ги прекинува изборните активности во Струга, додека не
се создадат нови услови за тоа“, рече Османи. Во зависност од исходот од истрагата, ќе се
знае дали Мерко ќе се врати во раководните структури на ДУИ. „Во ДУИ има започнато
изборен процес во поголем број ограноци и има одредени рокови за пријавување на
кандидати. Изборите се закажани за 2 јули. За да се даде можност кој ќе биде кандидат,
треба да се остави простор, да се замрзне процесот во огранокот во Струга“, објасни
Османи за тоа што значи одлуката за замрзнување на изборните активности. Османи
додаде: „Ги повикуваме сите државни институции да започнат истрага за сите политички
партии – од претседателите до најниските ешалони на одлучување“. Османи смета дека
ДУИ е единствената партија која бара ветинг. Ги цени одлуките на САД. „САД се наш
најголем стратешки партнер и сојузник. Нивните ставови не само што во ДУИ ги
почитуваме туку ги сметаме и за добронамерни. ДУИ има јасни ставови за владеењето на
правото, борбата со корупцијата, начинот на кој работат носителите на функции и тие се
формални одлуки на ДУИ. Ќе ве потсетам на две такви одлуки – за задолжителен ветинг
на секој носител на јавна функција; одлука за итна институционална верификација за сите
сомневања за сите носители на јавни и партиски функции“, додаде Османи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*