Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија
Охрид и околината. На моменти, градот беше со големина на орев, што ќе предизвика
штети, особено на овошките и посевите, пренесува Нова Македонија. Градската
канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите.
Дел од улиците се поплавени, а има и штети. Веќе има поплаки за оштетени автомобили,
поплавени простории во руралните делови. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков,
свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето. Покрај Охридско-
струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со
дожд и град го зафатил и кичевскиот регион. Од дежурните оперативци ви 112 и СОК во
ЦУК, согласно јавувањата на граѓаните на 112 и на дежурните институции во земјава,
информираат дека невремето од Охридско-струшкиот регион се движи кон Кичевско и
веќе го зафсќа и Полошкиот регион, стои во информацијата од ЦУК. Силен дожш, невреме
и громови го зафатија и Малешевскиот крај, а зафатени се Пехчево, Берово и Делчево,
како и Крива Паланка и Македонска Каменица.