ИСТРАЖУВАЊЕ: 20% ОД СТУДЕНТИТЕ НА ЈАВНИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ СМЕТААТ
ДЕКА КОРУПЦИЈАТА Е ЕКСТРЕМНО ПРИСУТНА

20% од студентите на државните универзитети сметаат дека корупцијата е екстремно
присутна на факултетите каде студираат, 24% сметаат дека корупцијата е умерно присутна – покажува истражувањето спроведено од Институтот за стратешки истражувања и
едукација. Во високото образование, 21 отсто од студентите сметаат дека најприсутно е
мамењето на испити, 20 % изјавиле дека проблем е условувањето да се купи книгата на
професорот за да се положи испитот или да се добие подобра оценка, додека на трето
место е практиката студентите да им плаќаат на трети луѓе за пишување на семинарски
трудови и дисертации. Дури 9% од испитаниците се изјасниле дека од нив било побарано
мито од страна на професори… Пријавите за корупција се многу ретки – само 3% од
анкетираните студенти експлицитно кажале дека на некој начин реагирале.
Истражувањето е спроведено во Македонија, србија и албанија преку користење техника
лице в лице, во мај 2023 година, на примерок од 300 студенти во секоја земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*