ИСКРШЕНА ТАБЛАТА СО БУГАРСКО ЗНАМЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БИТОЛА

Утрово е искршена информативната табла со бугарското знаме и логото на бугарскиот
донатор поставена пред новиот болдер – ѕид за качување со трибина во Градскиот парк во
Битола. Кршењето на таблата е наменско и најверојатно со порака од сторителите кои на
информативната табла го искршиле стаклото само во делот каде што стоеше бугарското
знаме и логото на бугарскиот донатор, додека оставени се знамињата на Македонија и на
Европската Унија. Во период од неполни две недели, оваа табла два пати е мета на
вандали. Првиот пат со самолеплива лента само беа прикриени знамето на Бугарија,
логото на донаторот и текстот за донаторот, што битолчани го окарактеризираа како
„културен вандализам“. Сега, пак, велат дека вандализмот е „наменски“ оти се искршени
само деловите што ја симболизираат бугарската држава. Првиот болдер – ѕид за качување
со трибина поставен во Градскиот парк е направен со финансиска поддршка на
Министерството за надворешни работи на Бугарија и Генералниот конзулат во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*