СУДСКИ СОВЕТ ВЛЕГУВА ВО СТРУШКИОТ СУД, ОТКАКО САД КАЖА ДЕКА
МЕРКО СЕ МЕШАЛ ВО СУДСКИ ПРОЦЕСИ

Струшкиот суд ќе биде мета на вонредна контрола, откако градоначалникот Рамиз Мерко
се најде на црната листа од САД поради сомневања дека се мешал во судски постапки.
Оваа изјава допрела Судскиот совет, од каде за „Макфакс“ посочуваат дека посетата ќе
биде од страна на координаторот за судот. Засега нема информации дали проверки ќе има
и во други судови, а со оглед дека Стејт депарметнтот не посочи конкретно каде Мерко
влијаел. „Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската
амбасадорка и ќе формира комисија“, велат од Судски совет, по што дополнуваат дека
постапувањето ќе биде по поднесени претставки, вкупно 15 на број: „Напоменуваме дека
овие постапки во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на
Струга, Рамиз Мерко, туку станува збор за конкретни предмети“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*