
Постои можност шестоодделенците да ја започнат школската година без учебници,
бидејќи бирото за развој задоцнило со испорака на наставната програма до МОН и истата
ја доставиле дури во март, а за одредени предмети и во април. Министерот Јетон Шаќири
кој пред два дена кажа дека наредната учебна година ќе започне беспрекорно, денеска со
поумерена изјава – дека се прават напори први септември да се дочека без проблеми –
Некои од наставните програми, за трето одделение се доставени во 11 месец од
претходната година, што значи за трето одделение сме во напредна фаза, но во наставните
програми за 6то одделение сме во тоа да го стигнеме први септември, се прават сите
подготовки, кога кажуваме за рокот први септември да бидат доставени учебниците.
Директорот на бирото за развој на образованието пак вели дека никаде не заталие, туку ги
почитувале процедурите и постапиле навремено, па ако немало повторно проблеми со
содржината како лани, учениците ќе добијат книги од први септември. -Не чувствувам
искрено одговорност дека за наставни програми има процедури, имаме правилници,
според тие процедури и правилници ние сме постапиле навремено, откако се изработени
работните групи, повторно сме ангажирале и второстепена комисија за разгледување на
некои пропусти, -Зекирија Хасипи – Директор на биро за развој на образованието. Сепак,
неизвесност не се само учебниците, туку нејасно е и кога ќе започне учебната година.
Откако Шаќири понуди три варијанти – меѓу кои и пролетен распуст, денеска СОНК
излезе со четврта. Не на први, не кон средината на септември, како што посочи
министерот, туку да почне на први октомври бидејќи како што кажа, септември бил убав
период за летувања, оцени првиот човек на синдикатот Јаким Неделков. -Ако веќе
зборуваме за подоцна започнување на наставната година од 11 септември чинам
министерот предлага, јас би предложил од први октомври да биде, со еден месец подоцна
почнување, ќе се избегнат летните горештини, со оглед на глобалното затоплување, јуни
веќе не е толку атрактивен за годишни одмори, септември ќе биде поатрактивно овие
жешки температури,- -Јаким Неделков – Претседател на СОНК. Учебниците беа проблем
број еден и измината учебна година, бидејќи дел од нив ги немаше речиси до крајот на
истата, а и дел од содржините беа проблематични и со погрешни факти. Ваквата состојба
доведе до сериозен удар врз образовниот процес, како што се жалеа родителите и
учениците.