НАЈДЕНИ СЕ И ТРИТЕ ТЕЛА НА ТАТКОТО, МАЈКАТА И СИНОТ ПАЦОЛИ ВО
ИЗВЛЕЧЕНОТО ВОЗИЛО ОД ЛЕПЕНЕЦ

Трите тела на членовите на семејството Пацоли се пронајдени во возилото БМВ со кое
вчера попладне по сообраќајка излетаа во Лепенец.. Малолетниот син, таткото и мајката се
починати и биле во возилото. Од МВР соопштија дека извлекувањето е завршено но
возачот од Скопје кој претекнувал колона пред несреќата е задржан од полоцијата.
Соопштение Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска
(18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица
Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по
вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото
„бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на
јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген туран“ Б.Б. е лишен од слобода и
задржан за понатамошно постапување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*