Работен состанок на министерот Спасовски со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Која

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Н.Е Клеменс Која.
Министерот Спасовски се заблагодари за работниот состанок и за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, потврдувајќи ги пријателските односи и партнерската соработка.

Двајцата соговорници, меѓу другото, разговараа и за тековните активности кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи, согласно Планот на активности на Мисијата на ОБСЕ за 2021 година, фокусирани на посебните области на работење на Мисијата, и тоа: транснационални закани, натамошна професионализација и демократско полициско работење. Во рамки на транснационалните закани, се работи на прашања поврзани со борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје, додека пак, активностите за натамошна професионализација и за демократско полициско работење се фокусираат на стратегиите за човечки ресурси, континуиран професионален развој на полициската служба и демократски полициски практики.

На средбата беше потврдена и меѓусебната соработка во областите на заемен интерес помеѓу двете страни, како и заложбата за натамошна постојана координација и соработка за успешно реализирање на иницираните проекти и активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*