Заев: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ

„Феноменот на „нон-пејперите“ и сега овој проект за „Илирида“ кој повторно се иницира, се промотори на националистичките политики во регионот, и не само во регионот кога затајува Европа“, оцени премиерот Заев во интервју за ТВ Клан Македонија.

„Тоа е сигнал и за Бугарија и за Брисел дека треба поинтензивно да го продолжат процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Тоа е исполнување на долгот кон Западен Балкан, а кон Северна Македонија тој долг е поголем 10 пати. Северна Македонија е пример за земја која со својот концепт „Едно општество за сите“ ги обедини сите различни етнички заедници. Ние сме пример и за решавање на регионалните и соседските прашања. Горд сум на тоа што премиерката на Србија Брнабиќ вели дека Договорот од Преспа е модел и за решавање на отворените прашања меѓу Србија и Косово. Дополнително треба да ја засилиме иницијативата за регионалната соработка, но повторувам: Одговорот на проектите за големи држави и нови граници на Балканот треба да го даде ЕУ со засилување на евроинтеграциските процеси за регионот“, рече премиерот Заев и уште додаде дека националистичките проекти како оние што се промовираат во некои од нонпејперите како и обој за „Илирида“ не поминуваат и нема да добијат ниту претседател на месна заедница, а не советник во општина или пратеник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*