
На двете средби во Мисијата на Северна Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски.
Соговорниците оценија дека пристапниот процес треба да биде фокусиран на европското законодавство АКИ (acqui) и беше заклучено дека сите други прашања, кои немаат поврзаност со европското АКИ треба да се адресираат билатерално.
Премиерот Заев на одделните средби со европратениците Чолош и Ќучук се заблагодари на досегашната принципиелна поддршка од парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe) во Европскиот парламент, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи континуирано и понатаму.