Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, балтичката турнеја ја започна утрово во Рига со средби во литванскиот парламент (Saeima).
На состанокот со претседателот на Комитетот за надворешни работи на Saeima, Рихардс Колс и претседателката на Комитетот за европски прашања, Анда Вита Терауда, беше реафирмирана и поддршката од страна на латвиските пратеници Северна Македонија да ги отпочне пристапните преговори со Унијата.
Димитров: „Латвиското искуство во евроинтегративниот процес внесе свежа енергија и надеж за консолидирање на европскиот континент. Искрената и пријателска поддршка е голем поттик за продолжување на реформите, а парламентарната соработка е еден од конкретните показатели во таа насока, што придонесува за унапредување на демократијата“.
Од латвиска страна пратениците честитаа на НАТО членството и потенцираа дека секое понатамошно одложување на пристапните преговори со Северна Македонија испраќа деморализирачки сигнал до земјите од Западниот Балкан, до сите оние земји кои решително ги спроведуваат демократските реформи со крајна цел влез во ЕУ.