Заев: Полковник Јанкович и целиот тим на канцеларијата на НАТО во Скопје професионално ја завршија задачата

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев го прими полковникот Зоран Јанкович, шефот на НАТО канцеларијата во Скопје во проштална посета.

Двајцата соговорници на средбата изразија задоволство од работата на НАТО канцеларијата во Скопје која ја заврши својата успешно својата мисија која имаше за цел да ја пружи неопходната поддршка на процесите во земјата со полноправното членство на Република Северна Македонија во алијансата.

Премиерот Заев се заблагодари за одличната соработка со полковник Јанкович и со целиот тим на канцеларијата на НАТО кои своите професионални обврски ги извршуваа како вистински пријатели на Северна Македонија, а на Полковникот Јанкович му изрази посебна благодарност за поддршката, му порача дека Република Северна Македонија може да ја смета за своја втора татковина, и му посака плодна и понатамошна успешна кариера.

Полковникот Зоран Јанкович се заблагодари на досегашната работа, и истакна дека членството во НАТО е резултат на работата на оваа Влада, и дека е горд што беше дел од овој процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*