Маричиќ на средбата со Јурова: Поддршка за реформите во правосудството и зајакнување на владеењето на правото

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел се сретна со
потпретседателката на Европската комисија за транспарентност и вредности
Вера Јурова. На средбата се разговараше за реформите во Северна
Македонија со фокус на оние во правосудството, владеењето на правото, но и
за европските интеграции на земјата.
Маричиќ на средбата кажа дека владеењето на правото е основа за развој на
сите држави, па затоа и земјите кандидатки за членство во унијата треба да
бидат вклучени во постојниот механизам за владеење на правото во земјите
членки на ЕУ.
Маричиќ на Јурова и ја пренел одлучноста на Влада да продолжи со
европската агенда и дека земјава со засилено темпо ќе продолжи да ги
спроведува реформите со цел носење на европските стандарди дома, а тоа е и
главната причина за носењето и спроведувањето на планот „Европа дома“.
Министерот за правда на потпретседателката на Европската комисија и го
образложи и планот за дигитализација на македонското судство на кое
Министерството за правда работи интензивно. Според Маричиќ
дигитализацијата и онлајн судењата ќе обезбедат побрзи постапки и
континуитет на истите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*