Ве известуваме дека утре, 10-ти март (среда) со почеток во 10:00 часот, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, ќе одржат заедничка прес-конференција.
Прес-конференцијата ќе следува по билатералниот состанок помеѓу вицепремиерите Битиќи и Абазовиќ на кој ќе се разговара за економската соработка помеѓу двете земји, но и регионалната економска соработка и зголемување на регионалната конкурентност.
Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ е во официјална посета на Република Северна Македонија, на покана на вицепремиерот Битиќи.
Во текот на посетата потпретседателот Абазовиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Акредитираните новинари за онлајн видео вклучување ќе имаат можност за учество на заедничката прес-конференција на вицепремиерите Битиќи и Абазовиќ во живо. Поради ограниченото време и полната агенда на посетата, форматот на прашањата ќе биде 2+2.